Зидан: Нема изговор, полошо од ова не може…

Зинедин Зидан ја презеде одговорноста за очајното издание на Реал Мадрид при убедливиот пораз од Валенсија од 4-1. „Кралевите“ целосно потфрлија во одбраната, направија дури четири пенали од кои Солер реализираше три, исфрлајќи на површина бројни проблеми во играта на „кралевите“.

„Три гола примивме од пенал, еден од автогол, се што можеше да тргне на лошо денеска, ни се случи. Нема изговор за начинот на кој игравме одбрана, премногу грешки кои се недозволиви. Одговорноста е моја бидејќи јас сум тренерот и треба да најдам решение кога тимот не функционира најдобро“, истакна Зидан.

Мадридските медиуми го потенцираа токму тренерот како главен виновник, порачувајќи дека неговите ротации се повеќе се одразуваат врз игрите и резултатите.

„На теренот излегуваат единаесет против единаесет. Мене ми е работа да ги изберам оние единаесет за кои мислам дека ќе му ја донесат победата на Реал“, порача стратегот на „кралевите“.

Се вчитува...