Напаѓачот на Шкупи, Дембо Дарбо е еден од најдобрите фудбалери сезонава во Првата македонска фудбалска лига. Со 10 гола е на делба на првото место на листата на најдобри стрелци во шампионатот заедно со Бесарт Ибраими од Шкендија.
Одличните партии во сезоната на неверојатниот Дарбо му донесоа и повик во репрезентацијата на Гамбија за натпреварите од квалификациите за Африканскиот куп на нации. Гамбија во овој прозорец ги очекува двомеч со Габон во Д групата од квалификациите, а по две одиграни кола оваа репрезентација се наоѓа на првата позиција со четири освоени бода, што значи дека со два поволни резултати од овој двомеч, Дембо Дарбо и соиграчите ќе бидат на чекор од историски прв пласман на континенталниот собир.
„Прекрасно е чувството да ја претставуваш својата земја. Секој фудбалер сонува за тоа. Сакам да им се заблагодарам на сите мои соиграчи како и на стручниот штаб на клубот кои ми помогнаа да добија повик во репрезентацијата“, изјави Дембо Дарбо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

