Тренчовски повторно се повлече од клупата на Академија Пандев

Југослав Тренчовски се повлече од клупата на Академија Пандев по последниот пораз од Беласица во струмичката дерби пресметка.

Тренчовски на тренерската функција во клубот се врати по отказот на Александар Таневски, кој ја почна сезоната, во желбата да му помогне на клубот за излез од резултатската криза. Но, по последните лоши резултати се одлучи на повлекување од тренерското место.

За време на паузата поради репрезентативните настапи се очекува именување на новиот шеф на стручен штаб на Академија Пандев.

Се вчитува...