Милевски: Целта и во Израел ќе биде да излеземе на терен и да победиме

Селекторот Благоја Милевски ги стартуваше активно подготовките со младата репрезентација за последните два квалификациски натпревари, против Израел и против Црна Гора, за пласман на ЕП.

„Целта за нас секогаш била да излеземе на терен, да го дадеме најдоброто од себе и да победиме на секој натпревар. Освен последниот меч со Израел, на сите останати натпревари во овие квалификации бевме на високо ниво и ако ја повториме таа игра ќе оствариме одличен резултат. Најважно е како Македонија ќе изгледа на терен, а не противникот“ – вели Милевски.

Македонија против Израел ќе се соочи на гостински терен на 12. ноември, а за крај на квалификациите ја пречекува Црна Гора во Скопје на 17. ноември. Атакот е на две победи во финишот како би се осигурало второто место во групата, иако е јасно дека ќе биде повеќе од тешко да се стигне меѓу најдобрите второпласирани селекции од сите квалификациски групи.

Се вчитува...