Меси е подготвен да потпише нов договор со Барселона, но мора да му се исполнат неколку услови

Лионел Меси на крајот на минатата сезона сакаше да ја напушти Барселона, но на крајот остана бидејќи клубот не прифати на раскинување на соработката. Меси бараше договорот да биде раскинат бидејќи беше свесен дека ниту еден клуб во светот нема да плати 700 милиони евра за неговите услуги.

Најдобриот фудбалер на светот може да го напушти „Камп ноу“ на крајот на сезоната бидејќи му истекува договорот. Меѓутоа, по напуштањето на претседателската позиција од страна на Жозеп Бартомеу има шанса одличниот Аргентинец да остане во Каталонија. Како што пренесуваат шпанските медиуми Меси поставил неколку услови пред него што потпише нов договор.

Пред се сака да ја види формата на екипата и колку може тој тим да се бори за титули, а секако најважно му е да види кој ќе биде нов претседател и кој ќе биде нов спортски директор. Доколку тоа биде по негов вкус, тој дефинитивно ќе потпише нов договор. Треба да се додаде дека Меси сепак уште во јануари има право да почне преговори со други клубови, а доколку се случи тоа ќе биде јасно дека и покрај се тој ја напушта Барселона.

Се вчитува...