Марк Маркез одлучи дека нема да се враќа на патеката до крајот на 2020 година. Репсол Хонда потврди дека иако неговото опоравување оди во одличен правец, по консултацијата со докторите нема потреба да се ризикува во последните две трки од годинашниот шампионат.
Хонда потврди дека сезоната ќе ја заврши Стефан Брадл, а исто така истакнаа дека се задоволни од тоа што го направиле Германецот и Алекс Маркез по отсуството на Марк. За потсетување осумкратниот светски шампион се повреди уште на првата трка во годинашниот шампионат поради која мораше да ги пропушти сите до крајот на сезоната.
Неговото отсуство донесе неверојатно израмнет и интересен шампионат во кој на крајот веројатно до титулата во кралската класа ќе стигне возачот на Сузуки, Жоан Мир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА