„Затворањето“ на Евролигата продолжува откако раководството на најдоброто кошаркарско натпреварување во Европа, тргна во напад на „силните пазари“ во Европа, Франција и Германија при што се очекува Асвел и Баерн, кои сега имаат двогодишен договор со Евролигата, да станат постојани членови на ова натпреварување.
По овие стапки најверојатно ќе тргне и Алба, клубот од главниот град на Германија, со што од 14 од вкупно 18 клубови би имале загарантирано место во ова натпреварување. Две места би биле „резервирани“ за шампионот и финалистот од Еврокупот, при што би останале само две „вајлд-карти“.
Една од нив се очекува да биде за претставник од нашите простори, односно АБА лигата, при што истата не би припаднала на шампионот, туку на оној клуб кој ќе го одбере Евролигата, односно оној кој што нив најмногу им одговара.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА