Најдобриот фудбалер на Грузија Квича Кварачкелија е позитивен на второто тестирање на коронавирус, што значи дека и дефинитивно отпаѓа за бараж дуелот против Македонија. Покрај Кварачкелија позитивен е и уште еден стандарден првотимец Леван Шенгелија.
По многубројните проблеми на македонската репрезентација и отсуството на Енис Барди, Кире Ристевски и Крсте Велкоски и грузискиот селектор Владимир Вајс се соочува со големи проблеми пред историскиот натпревар за пласман на ЕВРО 20202.
Репрезентативците заминаа пристигнаа во Тбилиси каде утре од 18 часот ќе се сретнат со Грузија во историскиот натпревар за пласман на Европскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА