ЕКИПА во Тбилиси, Грузија
Владимир Булатовиќ
Исклучително емотивна прес-конференција во Тбилиси, на работ на солзите и кај селекторот Игор Ангеловски и кај капитенот Горан Пандев во очекување на утрешниот натпревар со Грузија кој за нас значи пат на толку посакуваното Европско првенство.
„Сакам прво да искажам благодарност за селекторот за прекрасните зборови. Горд сум што сум дел од оваа генерација. Зарем треба посебна мотивација за овој натпревар? Има ли поголема мотивација од настапот на Европско првенство. Јас може само да кажам… Погледнете каде бевме пред пет години, а погледнете каде сме сега, на чекор од сонот“ – истакна Пандев на средбата со медиумите, веднаш дополнувајќи:
„Овие момци верувајте се злато вредни за Македонија и македонскиот фудбал. Добро ги познавам и знам дека сите заслужуваат да играа во многу поголеми клубови. Сакам и заради нив, уште на оваа нивна возраст да го доживеат настапот на ЕП. Емоциите ме совладуваат и мене покрај толку многу години фудбал и натпревари минати во елитниот европски фудбал. Но, ме совладуваат емоциите затоа што овој пат се работи за Македонија. Овој пат се работи за сите нас и сите во Македонија кои очекуваат да ја донесеме најголемата спортска радост“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА