Германскиот прволигаш Хофенхајм објави дека сите фудбалери и стручниот штаб заминуваат во самоизолација по зголемениот број на заразени членови од коронавирус.
Последните тестирања покажаа три нови позитивни случаи (Себастијан Руди, Исак Белфодил и еден член на стручниот штаб), додека еден резултат не е стопроцентно сигурен, па тестирањето ќе мора да биде повторено. Јакоб Брун Ларсен и Мунас Дабур беа позитивни при првите тестирања во своите репрезентации, па станува јасно дека ситуацијата во Хофенхајм е крајно сериозна.
„Целокупниот тим и членовите на стручниот штаб заминуваат во самоизолација се додека не биде донесена поинаква одлука. Остануваме во комуникација со здравствените власти“, се вели во соопштението на Хофенхајм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

