Македонските репрезентативци Жарко Пешевски и Мартин Томовски веднаш по настапите за нашиот национален тим се вратиј на обврските во своите клубови, но вечерва претрпеа порази во рамките од новата рунда во Бундес-лигата.
Пешевски и Штутгарт загубија на гостувањето против Ерланген со убедливи 34-25. Штутгарт почна одлично, експресно поведе со 8-4, но потоа дојде до голем пад во играта на тимот на македонскиот пивот. На одмор се замина со израмнети 16-16, за потоа Ерланген целосно да доминира во вторите 30 минути и заслужено да стигне до убедлив триумф. Пешевски, кој играше во одлична форма до репрезентативната пауза, овојпат не постигна ниту еден погодок за својот тим.
Томовски со Лудвгисхафен претрпе пораз од 27-24 на гостувањето против Нордхорн. Томовски повторно беше стартер на голот на Лудвигсхафен и имаше десет успешни интервенции, што сепак се покажа недоволно за неговиот клуб да избегне пораз на ова гостување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА