Младата репрезентација на Македонија носена од желбата со две победи да се завршат квалификациите за ЕП, денеска од 18:30 часот го очекува натпреварот на гостински терен против Израел.
И покрај фактот дека селекцијата на Благоја Милевски ќе биде дополнително ослабена со неиграњето и на Агрон Руфати, сепак единствено е размислувањето во националниот тим дека ќе се даде максумумот за враќање со бодови од Израел.
„Целта за нас секогаш била да излеземе на терен, да го дадеме најдоброто од себе и да победиме на секој натпревар. Освен последниот меч со Израел, на сите останати натпревари во овие квалификации бевме на високо ниво и ако ја повториме таа игра ќе оствариме одличен резултат. Најважно е како Македонија ќе изгледа на терен, а не противникот“ – вели селекторот Благоја Милевски.
По дуелот со Израелците, Македонија на 17. ноември во Скопје ја очекува и пресметката со Црна Гора. Атакот е на две победи во финишот како би се осигурало второто место во групата, иако е јасно дека ќе биде повеќе од тешко да се стигне меѓу најдобрите второпласирани селекции од сите квалификациски групи кои ќе се најдат на ЕП, можност која е се уште жива само како теорија на хартија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА