Коронавирусот влезе и во АБА2 „балонот“ на Златибор откако тренерот на српскиот тим Младост, Драган Јаковљевиќ е позитивен на последните тестирања на овој вирус.
Тимот од Земун веќе одигра два дуела, против Хелиос и Слобода, од кои едниот во понеделникот, а вториот вчера. Српскиот состав преостанатите две средби, меѓу кои е и натпреварот против Работнички, закажан за 16. ноември, ќе мора да ги игра без својот прв тренер, но останува непознато дали и други членови на овој тим се позитивни.
Ова е втор случај со коронавирус во АБА 2 лигата, откако претходно хрватскиот претставник Горица го откажа своето учество на „балонот“ поради позитивните случаи кај тројца кошаркари пред тргнувањето на пат за Златибор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА