ЕКИПА во Тбилиси, Грузија
Владимир Булатовиќ
Место било какво најава за натпреварот кон кој денеска е фокусирана целокупната македонска јавност… Пораките кои македонскиот селектор и фудбалерите ги оставија како ветување пред себе и пред Македонија, како водач-потсетник на патот до остварување на сонот!
ИГОР АНГЕЛОВСКИ: „Горане, ти благодарам за се. Сега, поведи ги нашите браќа до пласман на Европско првенство“.
ГОРАН ПАНДЕВ: „Погледнете каде бевме пред пет години, а погледнете каде сме сега…Емоциите ме совладуваат и мене покрај толку многу години фудбал и натпревари минати во елитниот европски фудбал. Но, ме совладуваат затоа што овој пат се работи за Македонија. Овој пат се работи за сите нас и сите во Македонија кои очекуваат да ја донесеме најголемата спортска радост“.
ВИСАР МУСЛИУ: „Да не се лажеме, ќе биде тежок натпревар, но подготвени сме да гинеме на терен.“
БОБАН НИКОЛОВ: „Ова е момент за вистината за една генерација…, за еден сон, за историја!“
ЕЗГИЈАН АЛИОСКИ: „На само една победа сме од остварување на сонот. Ова е шанса која не се пропушта.“
СТЕФАН РИСТОВСКИ: „Заедно до крај. За нас и цела Македонија!“
АРИЈАН АДЕМИ: „Посакувам да играм. Со сето мое срце сакам да им помогнам на моите соиграчи затоа што ова е натпревар кој верувам еднаш се доживува.“
АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ: „Кога играш во репрезентацијата, заедништвото е клучен фактор за успехот. Чест е и задоволство да се биде дел од еден ваков момент.“
ЕЛИФ ЕЛМАС: „Ова е голем меч… Ќе го одиграме и за себе, и за тимот, и за Македонија!“
ИЛИЈА НЕСТОРОВСКИ: „Не чека финале во Лигата на нации. Натпревар во кој нема тактика, но ќе одлучува срцето и желбата за успех!“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА