ЕКИПА во Тбилиси, Грузија
Владимир Булатовиќ
Илијадници грузиски навивачи се присутни на улиците на Тбилиси во очекување на историскиот, и за нив, пласман на Европско првенство. Бројни домашни навивачи пред „Динамо арена“ ги пречекаа со жестока реакција македонските репрезентативци кои веќе пристигнаа на најголемиот стадион во Грузија.
Грузијците пред стадионот веќе и подготвуваат бина и видео-бим подготвувајќи се за прослава при евентуална победа во финалето од Лигата на нации против Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА