Репрезентацијата до 21 година одигра нерешено 1-1 на гостувањето кај Израел во евроквалификациите. И покрај ремито кое што ни е во полза, избраниците на Боби Милевски може да жалат бидејќи Дарко Чурлинов не успеа да реализира пенал.
Израелците поведоа уште во 16. секунда со голот на Јосефи. Дарко Чурлинов во 51. минута не реализираше пенал, но надежите успеаја да израмнат по велемајсторијата на Јани Атанасов од слободен во 76. минута.
Со овој бод „црвено-жолтите“ остануваат на втората позиција на табелата во групата 6 со 15 бода, два повеќе од денешниот противник. Во последното коло на 17. ноември Македонија на домашен терен против Црна Гора треба да ја потврди втората позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА