Барселона му нанесе срамен пораз на Фенербахче откако со 97-55 го декласира во 8. коло од кошаркаската Евролига. Каталонците уште на стартот започнаа фуризно, а како одминуваше натпреварот само ја зголемуваа предноста која на крајот стигна до неверојатни 42 поени. Кајл Куриќ со 25 поени беше прво име во победничкиот табор, додека Роландс Смит уфрли 20. Кај поразените единствен со двоцифрен учинок мечот го заврши Лоренцо Браун уфрлајќи само десет поени.
Во останатите мечеви од вечерната понуда ЦСКА Москва ја совлада Басконија со 89-86, Олимпијакос беше подобар од Алба Берлин со 75-71, додека Макаби го победи Жалгирис со 85-57.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА