Македонскиот олимписки комитет го честиташе историскиот успех на фудбалската репрезентација. Претседателот на МОК, Даниел Димевски упати искрени честитки до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини за пласманот на Европското првеснтво. Од МОК потврдија дека поради извонредните врвни спортски резултати и 20 годишната меѓународна афирмација на македонскиот спорт, Горан Пандев ќе биде прогласен за Олимписки великан на МОК.
„Фудбалска репрезентација на Македонија на Европско првенство! Горан Пандев – Олимписки великан на МОК. Претседателот на МОК, м-р Даниел Димевски, испрати искрени честиткки до претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини за историскиот успех и изборениот пласман на Европското првенство во фудбал 2021! Во исто време, заради извонредните врвни спортски резултати и 20 годишна меѓународна афирмација на македонскиот спорт, Горан Пандев ќе биде прогласен за Олимписки великан на МОК!“ – информираа од МОК.
Честитка испрати и првиот човек на олимпизмот во Македонија.
„Најдобрите македонскит фудбалери изгинаа на теренот, го одиграа најдобриот натпревар во овие квалификации, токму кога беше најпотребно! Сите со срце поголем од најголемата планина, мудро, умно и со големо знаење и неверојатна смиреност, одлучност, сигурност и самодоверба се изборија за свое место во историјата на македонскиот спорт! Честитки момци, само гордо напред и со победа го започнеме Европското првенство! Најдобри сте!!!“ – истакна претседателот на МОК, Даниел Димевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА