Искусниот српски стратег Драгослав Степановиќ не ги штедеше критиките кон српската репрезентација која не успеа да се пласира на Европско првенство, притоа споредувајќи на невообичаен начин со пласманот на Македонија на завршницата на најдобрите фудбалски репрезентации на Стариот континент.
„Србија мораше против Шкотска да ризикува до крај, но тоа Тумбаковиќ не го знае. Одигравме со страв, и тогаш нема успех. Се изгуби култот на репрезентацијата. Па, погледнете како гинат Хрватите за репрезентација. Или кога видов дека Македонија ќе игра на Европско првенство, сакав да умрам од мака. Земја од само два милиони жители, а дали ја погледнавте жарта на Македонците кога се борат за ЕП. Нормално, им честитам од срце. А, каде сме ние, се запрашал ли некој“ – изјави Степановиќ, кој во минатото беше тренер на бундеслигашите Ајнтрахт Франкфурт и Баер Леверкузен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА