ФФМ ќе располага со 20.000 билети по меч за ЕП, веќе позната и цената на билетите

Европската куќа на фудбалот веќе ја одреди цената на билетите за натпреварите од Групата Ц на Европското првенство следната година во која е и Македонија, на мегдан против Австрија, Украина и Холандија.

Со Австрија се среќаваме на 13. јуни во Букурешт, додека со Украина четири дена подоцна исто така во главниот град на Романија. Цената на билетите за двата натпревари се движи од 30 до 50 евра.

Според првичната распределба организирана од УЕФА, на Фудбалската федерација на Македонија и припаѓаат по 20.000 билети од натпревар.

Секако, сето тоа ќе зависи и од пандемијата на коронавирусот, но и од дефинитивната одлука на УЕФА дали ќе остане на варијантата Европско првенство во 12 различни града, или ќе има промена во последен момент шампионатот да се игра во само една држава, со оглед на сериозната заинтересираност на Англија за една таква опција.

Се вчитува...