Дарко Чурлинов утре нема да биде во составот на младата репрезентација на Македонија за натпреварот во вторник против Црна Гора, последниот од квалификациите за пласман на ЕП.
Германски Штутгарт инсистира да се врати во Германија, откако неколкумина во репрезентацијата добија позитивни тестови на Ковид-19, по што селекторот Милевски му дозволи да се врати во својот клуб, пред се за да се избегне евентуална непријатност поврзана со Ковид-19 која би значела подолго отсуство од терените.
Македонската селекција ќе биде во сосема изменет лик против Црногорците по претходното откажувања на Димитар Митровски, Ердон Даци, Давид Тошевски, Бојан Илиевски, Љавдрим Фазлиу и Агрон Руфати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА