Македонскиот селектор Игор Ангеловски се враќа на формацијата со четири фудбалери во одбранбената линија за денешниот натпревар против Естонија, на кој нашиот национален тим ќе се обиде да стигне до триумф и да се задржи на првото место од групата во Лигата на Нации.
Шишовски ќе се најде на голот, а бедемот пред него ќе го сочинуваат истите фудбалери кои настапија и против Грузија, со тоа што Бејтулаи се сели на класичен десен бек, а Стефан Ристовски од десната се сели на левата бековска позиција.
Николов и Спировски ќе ја имаат улогата на последни играчи за врска во формацијата 4-2-3-1, а во супер-офанзивната тактика во нападот се наоѓаат Несторовски помогнат од Трајковски, Тричковски и од Елиф Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА