Македонија има водство од 1-0 против Естонија во 5. коло од Ц-лигата на Лигата на нации на натпреварот кој се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Извонредна реакција на Иван Тричковски во 29. минута кој мајсторски смести во мрежата на Естонците, по шутот на соиграчот од АЕК, Стефан Спировски. Ова е прв гол за Тричковски низ актуелната сезона од Лигата на нации, а вкупно шести во националниот дрес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА