Како што го отвори „балонот“ во АБА2 лигата, Работнички така и го затвори – со убедлив пораз, овој пат од Младост од Земун со 89-73.
Избраниците на Димитар Мираковски потфрлија во одбраната каде не можеа да се одбранат од корпулентните високи играчи на противникот, но и од бековите кои со „пробивањата“ создаваа проблеми за македонскиот состав. Во полза на „црвено-белите“ не беше ниту шутот зад линијата 6,75 каде постигнаа 12 тројки од 32 обида.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА