Селекторот на младинската репрезентација, Боби Милевски, оствари уште еден добар резултат со У21 составот. За жал, ова второ место не беше доволно за Македонија по вторпат да се најде на едно европско првенство за младинци, но добрите игри и резултати се најава дека нашата земја има светла фудбалска иднина.
„Што да се каже по еден ваков натпревар, еден ваков одигран циклус. Мислам дека момците покажаа дека имаат не само квалитет и потенцијал, туку и фактор плус што за жал не беше доволно за да се стигне барем до бараж. Штета за оваа генерација, но треба да бидеме горди, на тоа што момците го направија. Не е мала работа да се освојат 18 бода во ваква група, со вакви противници, особено кога доаѓаме од четвртиот шешир. Ќе повторам, ние базата ја направивме уште пред три години, ова е само дополнување на таа база што дава резултати и на сениорско ниво“, истакна Милевски.
Тој даде краток осврт и на денешниот дуел со Црна Гора, фалејќи ги оние кои добија шанса и кои максимални ја оправдаа неговата доверба.
„По оној шок што ни го приредија со лажно позитивните играчи, момците кои настапија денеска покажаа дека имаат квалитет, иако дел од нив беа со помала минутажа во овој циклус. Сепак, на денешниот натпревар и тие покажаа квалитет за да ги заменат стартерите кога нема да се присутни. Заслужено славевме денеска, можевме да триумфираме и поубедливо, но тоа во моментов е најмалку важно“, изјави селекторот на младинската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА