Баерн Минхен предводен од Андреа Тринкиери продолжи со одличните игри во Евролигата, овојпат славејќи на гостувањето против фаворитот Анадолу Ефес со 71-74. Баварскиот гигант цел меч се надигруваше со турскиот шампион, за потоа да блесне кога беше најважно, да ја добие последната четвртина со 14-24 и да стигне до триумф со кој се искачи на второто место на евролигашката табела.
Болдвин со 15 и Рејнолдс со 14 поени беа најефикасни во победничкиот табор. Најефикасен кај Ефес беше Плајс со 19 поени, но разочараа Ларкин и Мициќ, кои заедно имаа седум загубени топки, а од поле шутираа вкупно 7/28.
Руската пресметка меѓу Зенит и Химки заврши со триумф на гостинскиот тим од 83-88. Зенит долго време го контролираше резултатот, но Химки направи пресврт во самата завршница, шокирајќи го домаќинот од Санкт Петербург. Вообичаено, Швед беше прв стрелец на Химки со 24 поени, голема помош имаше од Меколум и неговите 19 поени. Кај Зенит најефикасен беше Берон со 24 поени, но екс-кошаркарот на Црвена Звезда немаше доволно помош од соиграчите за да стигне до триумф на оваа средба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА