Македонската фудбалска репрезентација и следната сезона ќе игра во Лига Ц од УЕФА Лигата на нации откако во одлучувачкиот натпревар за првото место во групата загуби од Ерменија со 1-0 на дуелот кој се одигра на „ГСП арената“ во Никозија, Кипар.
Без Пандев, Барди, Адеми, Алиоски, Димитриевски, Елмас, Николов, Ристевски, Спировски, Велкоски…, очигледно толку беа силите на избраниците на Игор Ангеловски кои одиграа единствено квалитетно прво полувреме, а во вториот дел беа немоќни дозволувајќи го единствениот гол на Ерменците во 55. минута преку поранешниот вардарец Хофханес Хамбарџумјан.

Македонија одигра одлично прво полувреме. Првите две можност македонските репрезентативци ги имаа во 18. и во 24. минута преку Александар Трајковски кој испрати два одлични шута од 18 метри, но одбрани противничкиот голман.
Во 32. минута Тричковски шутираше покрај голот, а се издвои и уште една шанса на Трајковски во 38. минута која остана нереализирана. Противникот имаше можност преку поранешниот вардарец Барсегјан, но Шишковски повторно одбрани.
По нереализираните неколку убави можности во првото полувреме, на крајот избраниците на Игор Ангеловски добија казна од поранешниот вардаров фудбалер Хофханес Хамбарџумјан кој погоди во 55. минута за водство на Ерменците.
Во продолжението обиди на македонскиот тим да се дојде до израмнување, но сето тоа јалово. Па во 79. минута Ерменија повторно имаше 100% можност, но Шишковски извонредно го одбрани шутот на Хофханисјан кој изби сам пред македонскиот голман.

До крајот
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

