Македонија преку Лига Ц ќе бара пласман на ЕП 2024 во Германија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Поранешниот вардаров фудбалер Хофханес Хамбарџумјан ја запре македонската репрезентација на патот кон втората по квалитет лига во УЕФА Лигата на нации.

По поразот од 1-0 против Ерменија на дуелот во Никозија, Кипар, веќе е познато дека Македонија и натаму останува во Ц-лигата и за сезоната 2022/23 преку која ќе се одлучува и патникот за Европското првенство 2024 во Германија.

Македонската селекција на Европското првенство следната година ќе учествува преку обезбедената виза од Д-лигата, а за ЕП 2024 патот ќе го бара преку Ц-лигата низ која веќе потврдивме дека може доминантно да минуваме.

 

Се вчитува...