Македонското маратонско пливање изразено пред се како начин на живот за легендарните охридски пливачи Нико Нестор, Климен Савин, Атина и Дики Бојаџи и нивните успеси кои се симбол за македонското пливање и во светски рамки е централната мотивација за документарниот филм „Охридските пливачки легенди“ од авторот Љупчо Паункоски кој синоќа беше промовиран во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.„
„Идејата за овој документарец подолго тлее во мене. Ја релизирав постепено, собирајќи бројни материјали со секој поединец кој има и најмала допирна точка со пливањето. Мотивацијате секако беше пливањето бидејќи и јас како младо момче бев активен пливач учесник на натпревари, Многу добро знам што значеше и што значи пливањето во Охрид и затоа сакав сето тоа да го документирам. А огромните успеси на охридските пливачки легенда се повеќе од доволна мотивација“ – истакна Паункоски кој е автор претходно и на бројни други документарни филмови за културниот и спортски живот на Охрид и регионот.
Најголема помош околу изработката на документарецот Паункоски добил од Леко Радиќ кој покрај за својот дел раскажува и за Климе Савин, за Атина Бојаџа, за Нико Нестор. Дел од документарниот филм е и Дики Бојаџи…
„Посакувам овој документарен филм да биде поттик за младите и за сите други, кои директно и индирекно се вклучени во пливањето да го вратат сјајот на овој спорт и повторно да биде репрезент на градот во светските рамки“ – вели Паункоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА