На финалниот турнир во новото издание на Лигата на нации кој ќе се игра во октомври ќе се најдат репрезентациите на Италија, Шпанија, Франција и Белгија. Ф4 ќе се игра во периодот од 6. до 10. октомври, а сите мечеви ќе се играат во една земја како што беше случај во првото издание на ова натпреварување кога домаќин беше Португалија.
УЕФА годинава одреди дека домаќинот на Ф4 турнирот ќе биде избран од победникот од групата А каде пред вчерашните мечеви во игра беа Италија, Полска и Холандија. Сите три земји беа подготвени да го организираат турнирот, но бидејќи Италија успеа да триумфира во А сегментот на неа ќе и припадне честа во октомври следната година да ги пречека најдобрите репрезентации од ова натпреварување.
За потсетување вчера Македонија загуби од Ерменија со 1-0 и поради тоа и во следното издание ќе биде дел од Ц-конкуренцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА