Анчелоти тргнува по Иско

Евертон е заинтересиран за играчот на Реал Мадрид, Аларкон Иско. Карло Анчелоти во изминатиот трансфер период успеа да го донесе Џејмс Родригез од Реал Мадрид, а сега посакува уште еден играч од кралскиот клуб во своите редови.

Првичните информации велат дека Реал Мадрид е подготвен да го продаде Иско за околу 20 милиони фунти, а ова е сума која на Евертон му одговара и без никакви проблеми може да ја префрли на сметката на Реал Мадрид.

Иско оваа сезона во Ла Лига има шест настапи за „кралевите“ и само три пати бил стартер. Во Лигата на шампионите тој ги гледаше сите три натпревари од клупата за резерви. Неговиот договор со Реал истекува во 2022 година, па Реал има намера да го продаде најдоцна следното лето како и би заработил од неговиот трансфер.

Се вчитува...