Ѓоковиќ е последен полуфиналист на АТП завршниот турнир во Лондон

Првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ е последниот патник во полуфиналето на АТП Завршниот турнир во Лондон, откако во одлучувачкиот меч од „Токио 1970“ групата го совлада Александар Зверев со 2-0, по сетови 6-3 и 7-6.

Во првиот сет на Србинот му беше доволен само еден брејк, додека вториот сет замина во тај-брејк кој Ѓоковиќ го доби со 7-4. Во полуфиналето најдобриот тенисер на светот ќе игра против Доминик Тим, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Данил Медведев и Рафаел Надал.

Се вчитува...