ФИФА на 17. декември ќе ги прогласи најдобрите за 2020 година

Светската фудбалска федерација (ФИФА) на 17. декември ќе ги прогласи најдобрите за оваа година. За разлика од „Франс фудбал“ кој го откажа годинашното доделување на „Златната топка“, ФИФА ќе ја додели својата награда „Д бест“.

Награди ќе бидат доделени во шест категории. Ќе се бираат најдобар фудбалер и фудбалерка, тренер во машка и женска конкуренција како и машки и женски голман. Исто така ќе бидат избрани и најдобриот тим во двете конкуренции.

Минатата година наградата ја доби Лионел Меси, а годинава најголем фаворит за престижното признание е Роберт Левандовски.

Се вчитува...