Иџе шести на првата трка на Имола во ТЦР Италија

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе освои шестото место на трката во Имола од  Шампионатот на Италија во ТЦР. Со новите бодови Стефановски падна на 12 место на табелата во првенството на Италија.

Утре со втората трка на Имола ќе се комплетира годинашната сезона во првенството на Италија во ТЦР.  Втората трка е закажана утре (недела) со почеток од 12.40 часот на патеката „Енцо и Дино Ферари“.

 

Се вчитува...