Војдан Стојановски резултатски успешно го „помина“ својот последен меч пред да му се придружи на нашиот национален тим во квалификациите за Евробаскетот 2022. Гравелин по продолженија со 107-100 го елиминираше Денаин во 1/16 финалето од Купот на Франција.
Капитенот на „црвено-жолтите“ одигра скоро 23.минути. Притоа реализираше ефект од осум поени (1/1 за три, 1/3 за два и 3/3 за еден поен), плус три асистенции и два скока.
По задолжителното ПЦР тестирање по враќањето во Данкерк, веќе од понеделник, Стојановски ќе им се приклучи на своите репрезентативни соиграчи на патот кон Талин, и ќе му се стави на располагање на селекторот Александар Тодоров за средбите против репрезентациите на Италија и на Естонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА