Постојат многу анегдоти за Ибрахимовиќ, најлудата ја има Мино Раиола

Златан Ибрахимовиќ е еден од најпосебните фудбалери кои се појавиле во историјата. Тој го покажува својот квалитет веќе 15 години, но прашање е дали би бил толку успешен да не беше Мино Раиола. Контроверзниот фудбалски менаџер се грижи за неговата кариера од нејзиниот почеток и носи големи заслуги што Швеѓанецот беше дел од најголемите клубови во Европа.

За Ибрахимовиќ има многу анегдоти, но една која ја раскажа токму Раиола е различна од останатите и најдобро покажува колку Ибра е посветен на фудбалот. Ибрахимовиќ и негов соиграч резервирале разгледување на градот со хеликоптер и се договориле да се најдат кај Златан во 11 часот.

„Требаше да полетат во 11 часот, а играа натпревар претходната вечер. Соиграчот му рече дека ќе дојде по него во 10:30 часот. Златан му одговара да дојде во 8:30. Зошто?, праша соиграчот. Ибра му одговори затоа што прво ќе тренираат два часа“, изјави Раиола. 

Каков соиграч е Ибрахимовиќ покажа и неодамна кога на цел тим на Милан им поклони по еден „Плејстејшн 5“.

Се вчитува...