Петра Влхова најдобра и на вториот слалом во Леви

Словачката Петра Влхова победи и на вториот слалом сезонава кој се возеше во финскиот ски-центар Леви. Словачката до победата стигна со вкупно време од 1:49.05 минути, што беше за 31 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Мишел Жизин од Швајцарија.

Подиумот го надополни Катерина Линзбергер од Австрија која доцнеше 50 стотинки зад времето на победничката. Американката Микаела Шифрин која вечра по пауза од 300 дена му се врати на скијањето денеска заврши како петта.

Дамите се селат во австриски Лех каде на 26. ноември ќе се вози првиот паралелвелеслалом сезонава.

Се вчитува...