Штутарт на нашиот Жарко Пешевски во интересен натпревар загуби од фаворизираниот Фленсбург со 34-30 во 9. коло од германската Бундеслига.
Штутгарт одлично го одигра првото полувреме и на пауза имаше предност од еден гол 17-18. Сепак, падот во второто полувреме на Пешевски и соиграчите и поголемото искуство на противникот во играње на неизвесни натпревари доведе до тоа Фленсбург на крајот да стигне до конечен триумф од 34-30. Македонскиот репрезентативец на овој меч не се запиша во листата на стрелците.
И покрај поразот Штутгарт е на четвртото место на првенствената табела со 11 бода, односно еден помалку од денешниот противник кој сега е трети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА