Игор Стефановски Иџе ја заврши последната трка од годинашниот ТЦР шампионат на Италија на легендарната патека Имола. Откако вчера беше шести, денеска на втората трка заврши како шеснаесетти, но може да жали бидејќи во еден момент беше втор.
Нашиот најдобар автомобилист беше на второто место, но по еден дуел со конкурентите заврши надвор од патеката по што мораше да го посети боксот.
По враќањето беше десетти, но поради проблемите со автомобилот на крајот мораше да се задоволи само со шеснаесетто место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА