Возачот на Тех 3 КТМ, Мигел Оливеира триумфираше на трката за големата награда на Португалија со која беше комплетирана најчудната сезона во историјата на Мото ГП.
Младиот Португалец на патеката „Алгарве“ на домашен терен стигна до втората победа сезонава во кралската класа, а вкупно четирнаесетта во кариерата. Второто место му припадна на Џек Милер на Дукати, додека трет беше Франко Морбидели на Јамаха. Новиот светски шампион, Жоан Мир кој титулата ја обезбеди минатата недела, не успеа да ја заврши трката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА