Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Тодоров, го соопшти списокот од десет кошаркари кои ќе патуваат за Талин, на претстојниот турнир од квалификациите за Евробаскет 2021.
Капитенот Војдан Стојановски ќе им се приклучи на репрезентативците во Софија, од каде преку Франкфурт ќе се лета за Талин, додека Американецот Вајли ќе пристигне директно во естонската престолнина.
Во однос на 12-те кошаркари кои тренираа во последните денови во СЦ „Јане Сандански“, од комбинација отпаднаа Робен и Митревски. Со оглед на ситуацијата и изборот на дванаесет кошаркари, речиси сигурно е дека Ненад Димитријевиќ нема да биде дел од македонската репрезентација во овој квалификациски циклус.
ПАТНИЦИ ЗА ТАЛИН
Љубомир Младеновски (Работнички)
Виктор Ефремоски (Работнички)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Марко Симоновски (Кожув)
Бојан Трајковски (Пелистер)
Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)
Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА