Алиоски против Арсенал ја имаше најдобрата партија во Премиерлигата, Лидс му подготвува нов договор

Без разлика на ситуацијата со исклучувањето на Николас Пепе, македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски е во центарот на вниманието на англиската јавност откако против Арсенал го одигра и својот најдобар натпревар во Премиерлигата.

Алиоски имаше беспрекорен меч против „топчиите“ издвојувајќи се како еден од најдобрите фудбалери во составот на Марсело Биелса. Неверојатни статистички показатели кои само ја потврдуваат формата во која Алиоски настапува сезонава.

За 90 минути игра, 92 допири со топката, 60 од 67 успешни додавања, девет добиени дуели, а издвојувајќи се и со најмногу стартови на теренот меѓу фудбалерите од двете екипи. Алиоски беше и креатор на две шанси за Алиоски, имаше и еден шут кон голот на Арсенал, на крајот секако и без да се заборави дека мудро изнуди и црвен картон во противничкиот табор.

 

Се вчитува...