Во првото коло од Првата лига во женската конкуреција беа одиграни три дуели кои донесоа победи на фаворизираните тимови.
Во групата „Исток“ убедливи победи забележаа составите на Крива Паланка кој славеше над МЗТ Скопје Аеродром со 95-48, како и Вардар кој ја доби средбата со Пробаскет со 100-47. Додека пак во рамките на групата „Запад“, Шкупи забележа победа од 43-50 на гостувањето против Пантери.
Двете одложени средби помеѓу Бадел 1862 и Работнички, односно Гостивар и Струга 2009 ќе бидат одиграни во текот на седмицата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА