Поранешниот тренер на штипска Брегалница, Никола Спасов ја загуби битката со коронавирусот. Бугарскиот тренер, како што информираат медиумите од источниот сосед, денеска почина во 62. година од животот не успевајќи да ја добие битката со Ковид-19.
Кај Спасов беше утврден позитивен тест на коронавирус пред три недели од кога веднаш беше хоспитализиран. Но, не успеа да го издржи лекувањето од двојна бронхопневмонија.
Спасов во три наврати беше тренер на Брегалница, во 2005, во 2011 и во 2012 година оставајќи забележителна трага во штипскиот клуб. Важи и за најуспешниот тренер на бугарскиот прволигаш Черно Море, а беше тренер и на Спартак Варна, Царско селе и Монтана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА