Гувернерката на Токио, Јурико Коике смета дека главниот град на Јапонија ќе биде подготвен да ги организира Летните олимписки игри следната година и покрај пандемијата од коронавирусот. Најголемиот собир на најдобрите спортисти во светот поради пандемијата беше одложен за следната година, а ќе се одржи во периодот од 23. јули до 8. август.
„Како град домаќин ќе направиме се што можеме за да ги одржиме игрите. Подготвени сме за тој предизвик, иако е јасно дека коронавирусот нема така лесно да не напушти“, изјави Коике.
Изјавата на Коике дојде недела дена по таа на претседателот на ИОК, Томас Бах кој исто така потврди дека игри ќе има, но се уште не е познато по кои безбедносни протоколи ќе бидат одржани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА