Горан Пандев ја игра последната сезона во својата блескава кариера, што ќе заврши онака како што македонскиот ас сонуваше – со настап за националниот тим на ЕВРО 2021.
Во меѓувреме, Италијанците продолжуваат со комплименти да го опишуваат македонскиот голгетер, па така „Серија А“ на својот твитер профил денеска објави фотографија на Пандев, заедно со листа од сите трофеи што „Гранде Пандев“ ги има освоено во кариерата.
Пандев има богата колекција од трофеи во италијанскиот фудбал, еднаш беше првак со Интер во Калчо-лигата, има пет пехари од Купот на Италија со три различни екипи (Лацио, Интер и Наполи), двапати му се радуваше на трофејот во Суперкупот, а се уште се памети и тројната круна со Интер во 2010 година, кога со Нероаѕурите стана и европски првак и светски првак.
Ha vinto tutto e sempre da protagonista! ?⚡️#SerieATIM #WeAreCalcio pic.twitter.com/CAbDKr4NyT
— Lega Serie A (@SerieA) November 24, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА