Кошаркарската репрезентација на Македонија попладнево го имаше првиот тренинг во Талин, во „Саку Сурхал“ Арената, каде на 28. и на 30. ноември ќе ги игра двата натпревари од квалификациите за Евробаскет 2021. Во Талин на националниот тим му се приклучи и турскиот стручњак за физичка подготовка Ерен Хангун, кој во наредните неколку дена ќе ја одржува кондицијата на нашиот национален тим и тоа како потребна за дуелите со селекциите на Италија и на Естонија.
Ова беше и прв официјален заеднички тренинг на Џејкоб Вајли со останатите соиграчи во нашиот национален тим, вклучително и капитенот Војдан Стојановски, кој поради клупски обврски, исто така ги прескокна оние уводни тренинзи во Скопје.
Воигрувањето со новиот Американец ќе биде приоритет во наредните денови, но има доволно време до саботниот меч со Италија за Вајли да влезе во системот на стручниот штаб и да се наметне како еден од лидерите во селекцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА