Струмица денеска максимално активна фудбалски. Две од четирите пресметки во четвртфиналето во Купот на Македонија се играат во Струмица.
Академија Пандев на спортскиот центар „Горан Пандев“ ќе биде домаќин на Шкупи, додека Беласица на стадионот „Благој Истатов“ ќе ја пречека Македонија ЃП. Јасно е дека гостите од Скопје ја носат фаворитската улога пред двата натпревари, но од таборот на „пандевци“, посебно и по последната победа над Пелистер, отворено најавуваат максимална борба за пласман во полуфиналето од најмасовното домашно клупско натпреварување.
Шкендија, пак, во желбата за полуфинале гостува на Силекс во Кратово. Тетовци ќе бидат без дури четворица фудбалери, Арменд Алими кој поради лични причини ќе отсуствува, како и Дориев, Кривак и Зија Мерџани кои се повредени.
Во последната четвртфинална пресметка, Струга ТЛ ќе ја пречека Ренова која, по оставката на Бујар Ислами, ќе биде предводена од спортскиот директор Фисник Нухиу.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/4-ФИНАЛЕ (денеска, 13 ч.)
Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ
Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА
Струмица: БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
Струга: СТРУГА ТЛ – РЕНОВА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА