Македонија ЃП, Академија Пандев и Струга ТЛ обезбедија полуфинале во Купот на Македонија

Македонија ЃП, Академија Пандев и Струга Трим Лум обезбедија полуфинале во Купот на Македонија откако запиша победи во четвртфиналните пресметки. Последниот полуфиналист ќе го одлучат пеналите во Кратово на дуелот меѓу Силекс и Шкендија.

„Лавовите“ без никакви проблеми со убедлива игра и нова своја голеада триумфираа со 1-4 на гостувањето против Беласица во Струмица. Триумфот за составот на Жикица Тасевски го обезбедија Ермедин Адем со два погодоци, Андерсон Барбоса и Абдул Басит Калид.

Академија Пандев, пак, го елиминираше Шкупи со триумф од 2-1. Томовски во 36. минута ги доведе „пандевци“ во водство од 1-0. Во второто полувреме Шкупи израмни преку најдобриот стрелец Дарбо Дембо, но Томислав Илиев во 69. минута повторно носи предност за струмичани,

Нијаз Лена со гол од пенал во 53. минута донесе победа за Струга ТЛ во победата над Ренова.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/4-ФИНАЛЕ

Беласица – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-4

СТРУГА ТЛ – Ренова 1-0

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – Шкупи 2-1

Силекс – Шкендија (0-0) – следат пенали

Се вчитува...