Ракометарите на КЛ7 направија уште еден чекор напред кон пласман во плејофот откако вечерва славеа со 31-26 над Радовиш. Избраниците на Андон Бошковски наидоа на сериозен отпор од гостинскиот тим, но иако млади сепак покажаа квалитет и исксутво за да одолеат на притисокот во клучните моменти и да стигнат до заслужена победа.
Радовишани одлично го отворија мечот, поведоа со 1-4 и 2-5 и го контролираа резултатот во голем дел од првото полувреме. Домаќините за момент поведоа, потоа Радовиш повторно стигна до „плус три“ (10-13), но КЛ7 подобро го заврши полувремето и на одмор замина со минимално водство од 16-15. Мечот беше неизвесен до 55. минута (26-25), кога домашните фудбалери влегоа во посакуваниот ритам во нападот, постигнаа пет гола во последните пет минути и си ја осигураа победата.
Кристијан Симоноски со десет гола беше прв стрелец на КЛ7, седум погодоци постигна Димовски, додека Илиев со 11 погодоци беше најефикасен во таборот на Радовиш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА